Одржување и сервис – Bosch GCO 2000 Professional User Manual

Page 168

Advertising
background image

168 | Македонски

1 609 92A 0CZ | (3.7.13)

Bosch Power Tools

Совети при работењето

Општи напомени за сечење со брусни плочи
Не ја фаќајте брусната плоча за сечење по работата,

додека не се олади. Брусната плоча за сечење за
време на работата се вжештува.

Осигурете се, дека плехот за заштита од искри 20 е

прописно монтиран. При брусењето на материјали
настанува опасност од искрите што летаат.

Заштитете ги брусните плочи за сечење од удари и
маснотија. Не ја притискајте странично брусната плоча за
сечење.

Не го оптоварувајте многу електричниот апарат, додека не
дојде во состојба на мирување.
Преголемиот притисок, значително го намалува
капацитетот на електричниот апарат и го намалува рокот
на траење на брусната плоча за сечење.

Користете само брусни плочи за сечење соодветни на
материјалот што се обработува.

Дозволени димензии на делот што се обработува
Максимални
делови за обработка:

Минимални делови за обработка
(= сите делови за обработка , кои може да се зацврстат со
лостот за фиксирање 8 ):
Должина 80 мм

макс. длабочина на резот (0°/0°): 125 мм

Сечење на метал
– Поставете го саканиот агол на косо сечење.
– Прицврстете го делот што се обработува согласно

димензиите.

– Вклучете го електричниот апарат.
– Полека водете ја рачката на апаратот со дршката 3

надолу.

– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.

– Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека

брусната плоча за сечење не дојде целосно во состојба
на мирување.

– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.

Подесување на граничникот за длабочина (види слика
H)
Граничникот за длабочина 16 во фабричката состојба е
подесен, така што 355-мм брусна плоча за сечење при
сечењето не ја допира основната плоча.
За да се намали истрошеноста на брусната плоча за
сечење, граничникот за длабочина може да се постави
подлабоко.

Во секој случај, при примена на нова брусна плоча за
сечење, граничникот за длабочина мора да се врати во
оригиналната положба.
Поставувајте го граничникот за длабочина секогаш

на тој начин што брусната плоча за сечење нема да ја
допира основната плоча при сечењето.

– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.

(види „Отклучување на електричниот апарат (работна
позиција)“, страна 167)

– Олабавете ја контра-навртката 25 со испорачаниот

прстенест клуч 14 (13 мм).

– Навалете ја рачката на апаратот на дршката 3 во

саканата позиција.

– Зашрафувајте го граничникот за длабочина 16 во

правец на или во правец спротивен на стрелките од
часовникот додека главата на шрафот не го допре
куќиштето.

– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре и затегнете

ја контра-навртката 25.

Транспорт
– Секогаш носете го електричниот апарат за

транспортната дршка 18.

Електричниот апарат секогаш треба да го носат две

лица, за да се избегнат болките во грбот.

За транспортирање на електричниот апарат,

користете ги секогаш уредите за транспорт, а не
заштитните уреди.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

Пред било каква интервенција на електричниот

апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.

Редовно чистете ги отворите за проветрување на

вашиот уред со мека четка. Вентилаторот на моторот
влече прав во куќиштето, а собирањето на голема
количина на метална прав може да предизвика
електрична несреќа.

При екстремни услови на примена, доколку е

возможно користете секогаш уред за вшмукување.
Издувувајте ги почесто отворите за проветрување и
приклучете заштитен прекинувач за
диференцијална струја-(FI-).
При обработка на

Форма на делот што се
обработува

Агол на косо сечење

45°

125 Ш

100 Ш

110 x 110

82 x 82

180 x 85

90 x 75

130 x 130

75 x 75

OBJ_BUCH-1063-003.book Page 168 Wednesday, July 3, 2013 1:51 PM

Advertising