Bosch GTM 12 JL Professional User Manual

Page 362

Advertising
background image

362 | Македонски

1 609 92A 0BP | (9.7.13)

Bosch Power Tools

Подесување на закосениот агол

За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот апарат и евентуално да ги подесите (види
„Проверка на основните поставки и подесување“,
страна 365).
Секогаш зацврстете го копчето за фиксирање 25

пред сечењето. Инаку листот на пилата може да се
заглави во делот што се обработува.

– Подесете го електричниот апарат во работна позиција

Пила за отсекување/сечење под агол. (види „Работна
позиција“, страна 361)

Поставување на хоризонтални стандардни агли на
закосување (види слика

D)

За брзо и прецизно подесување на често користени агли
на закосување, на масата за пила има жлебови 27

– Отпуштете го копчето за фиксирање 25, доколку е

затегнато.

– Повлечете го лостот 26 и свртете ја масата за пила 22 до

саканиот жлеб на левата или десната страна.

– Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да се

вклопи во жлебот.

Поставување на хоризонтални агли на закосување
(види слика

E)

Хоризонталните агли на закосување може да се подесат во
граници од48° (на левата страна) до48° (на десната
страна).

– Отпуштете го копчето за фиксирање 25, доколку е

затегнато.

– Повлечете го лостот 26 и истовремено притиснете ја

стегата за фиксирање 43 додека таа не се вклопи во
жлебот предвиден за таа намена. Притоа, масата за
пила ќе биде слободно подвижна.

– Свртете ја пилата за маса 22 на копчето за фиксирање

на лево или на десно и со помош на скалата за фино
подесување 44 поставете го саканиот агол на
закосување. (види и „Поставување со помош на
скалата за фино подесување“, страна 362)

– Повторно зацврстете го копчето за фиксирање 25.

Поставување со помош на скалата за фино подесување
Со скалата за фино подесување

44 може да подесувате

хоризонтални агли на закосување со точност до ¼°.

Пример: За да поставите агол на закосување од 40,5°,
мора да се совпаднат ½°-ознаката на скалата за фино
подесување 44 со 42°-ознаката на скала 23.

Поставување на стандардниот агол на закосување
(види слика

F)

За брзо и прецизно подесување на често користени агли на
закосување, постојат граничници за агли од 0°, 45° и 33,9°.

– Олабавете ја затезната рачка 36.
Стандарден агол 0° и 45°:

Навалете ја рачката на апаратот

18 до крај на десно 0°)

или до крај на лево (45°).

Стандарден агол 33,9°:

Притиснете ги болцните-граничници 32 целосно
надолу. Потоа рачката на апаратот навалете ја на
дршката 18 додека не легнат болцните на шрафот-
граничник 31.

– Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка 36.

Поставување на вертикален агол на закосување
(види слика

G)

Вертикалниот агол на закосување може да се постави во
граници од–2° до +47°.

– Олабавете ја затезната рачка 36.
– Рачката на апаратот навалете ја на дршката 18 додека

показателот на агли 45 не го прикаже саканиот агол на
закосување.

– Држете ја рачката на апаратот во оваа позиција и

повторно затегнете ја затезната дршка 36.

Ставање во употреба

Внимавајте на електричниот напон! Напонот на

изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.

Вклучување (види слика

H)

– За ставање во употреба притиснете на зеленото копче

за вклучување 2 (I).

Само со притискање на копчето 17 рачката на апаратот
може да се води надолу.

– За сечење мора дополнително да го притиснете

копчето 17.

Исклучување
– Притиснете на црвеното копче за исклучување 1 (O).
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.

Прекин на струја
Прекинувачот за вклучување-исклучување е таканаречен
прекинувач за нулта напон, кој спречува рестартирање на
електричниот апарат по прекин на струја (на пр.
извлекување на струјниот кабел за време на работата).
– За да може повторно да го користите електричниот

апарат, одново притиснете на зеленото копче за
вклучување 2.

лево

десно

45°

31,6°

22,5° 15°

15°

22,5°

31,6°

45°

подесување на
излезниот агол по
желба X

Ознака на
скалата за фино
подесување
(скала 44)

... да се совпадне
со ознаката
(скала 23)

X,25°

¼°

X + 1°

X,5°

½°

X + 2°

X,75°

¾°

X + 3°

OBJ_BUCH-1688-004.book Page 362 Tuesday, July 9, 2013 11:59 AM

Advertising